Нашите курсеви

Аплицирајте за Вашиот омилен курс!

Пополнете ја формата!

*Уплатата за курсевите може да се извршува во готово и на рати.
Факти за нашата работа

Рецензии од нашите слушатели...

Центарот ИЛИЕВИ повеќе од четврт век е посветен на предавањето на германскиот јазик како странски јазик

99%

Од слушателите го завршуваат
курсот успешно!

Интензивниот курс по германски јазик ми помогна да одам по пат, кој сум го замислил. Секогаш имав чу ...

Михаил Милошевски

Задоволство ми е да го споделам моето позитивно искуство со „Центарот за германски јазик Илиеви“ ка ...

Ивана Боцевска

Германски јазик почнав да изучувам од мојата 15-та година во Центарот за германски јазик. Во рок од ...

Маја Најдовска

Многу сум задоволна од Центарот за Германски Јазик-Илиеви. Го посетував курсот 4 години и можам да к ...

Илиана Николовска
Добро утро!
Guten Morgen!
Schön, dich kennenzulernen.
Добро утро!
Guten Morgen!
Schön, dich kennenzulernen.

Мотивирани и искусни предавачи кои имаат индивидуализиран пристап во наставата

Кај нас нема ограничување на возраста. Од секој слушател треба да се извлече максимумот, а тој да ја постигне својата лична зацртана јазична цел.

Учи од било каде!

Прилагодлив интензитет!

Индивидуално или во група!

25 години експертиза во пренесувањето на германскиот јазик како странски јазик и посредувањето на интеркултурни, јазични и цивилизациски вештини. Центарот ИЛИЕВИ повеќе од четврт век е посветен на предавањето на германскиот јазик како странски јазик, збогатувајќи ги нашите студенти не само со лингвистички вештини, туку и со меѓукултурно и цивилизациско знаење. Во нашиот центар ИЛИЕВИ, возраста никогаш не е пречка за учење. Кај нас нема ограничување на возраста. Од секој слушател треба да се извлече максимумот, а тој да ја стигне својата лична зацртана цел со јазикот.

Научете брзо, било каде и било кога

Михаил Милошевски

-Стоматолог во Мулхајм ан дер Рур, Северна Вестфалија, Германија

Интензивниот курс по германски јазик ми помогна да одам по пат, кој сум го замислил. Секогаш имав чувство дека учам од најдобрите.

Ивана Боцевска

-BOC group - Solution Engineer, демонстратор на Техничкиот универзитет, Виена, Австрија

Задоволство ми е да го споделам моето позитивно искуство со „Центарот за германски јазик Илиеви“ каде што имав можност да го продлабочам моето познавање на германскиот јазик. Она што особено го издвојува „Центарот за германски јазик Илиеви“ е стучноста на тимот и посветеноста кон успехот на учениците. Од интерактивни активности и извонредни културни искуства до внимателни дискусии и персонализирани повратни информации, „Центарот за германски јазик Илиеви“ гарантира дека индивидуалните потреби на секој ученик се задоволени. Вештините кои ги стекнав имаа клучна улога за мојот личен и професионален развој, односно студирањето на Техничкиот Универзитет во Виена, Австрија, како и добивањето на работа.

Маја Најдовска

Асистент доктор - SRH-Waid-Klinikum

Германски јазик почнав да изучувам од мојата 15-та година во Центарот за германски јазик. Во рок од 3 години успеав да го достигнам нивото Ц1 според ЗЕРРЈ. По студиите на Медицинскиот факултет во Скопје и по 12 години пауза од активно изучување на германскиот јазик одлучив да конкурирам за работа и специјализација по Анестезиологија и Интензивно лекување во болница со максимален тип на згрижување во Гера, покраина Тирингија. Стручниот тест го положив без особена подгoтовка и со одлични оценки и притоа немав никакви јазични проблеми при работата уште од самиот почеток. Сето тоа благодарение на ЦГЈ и никако не можам да ја изоставам мојата драга професорка Валентина Илиева, којашто ми ја влеа љубовта кон изучување на јазикот. Методите на изучување уште во тоа време беа многу интересни и практични, особено за новиот вокаблар. Тоа беа денови на учење нови зборви, граматика, шеги и многу дружење и горда сум што бев дел од ЦГЈ во тоа време, бидејќи тоа време секогаш ми буди убави спомени.

Илиана Николовска

-студент на Филолошки факултет „Блаже Конески“- Скопје

Многу сум задоволна од Центарот за Германски Јазик-Илиеви. Го посетував курсот 4 години и можам да кажам дека за тоа време стекнав многу знаења од полето на германскиот јазик и културата на германско-јазичните подрачја.Моментално, сето тоа го надоградувам со мојата студентска работа во Јужна Германија. Наставниот кадар кој ми предаваше во курсот располагаше со огромни познавања и искуства кои без никакви препреки ги пренесуваше на учениците. ЦГЈ исто така организираше настани кои вклучуваа дружба со сите членови на курсот и преку игри го учевме јазикот. Стекнатото знаење и искуство ми помогна при учењето на факултетот кој го студирам, Превод и толкување-Германски јазик.